НАТО соопшти дека двајца нејзини војници се убиени во Јужен Авганистан од мажи во униформа на авганистанската армија.
Нападот бил извршен утринава во провинцијата Хелманд.
Двајца напаѓачи отвориле оган врз возило на војниците во внатрешноста на воена база. Напаѓачите се убиени. Не се наведува од каква националност се убиени НАТО војници.