Двајца малолетници избодеа жена до смрт во Австралија

Од:

41-годишната Британка Ема Ловел, по потекло од областа Ипсвич, беше избодена до смрт на 26 декември за време на кражба во нејзиниот дом во Австралија. Полицијата потврди дека 41-годишната жена починала откако се соочила со натрапниците во нејзиниот дом во Норт Лејкс, пишува Sky News.

Нејзиниот 43-годишен сопруг, Ли Ловел, кој исто така бил избоден со нож, им рекол на новинарите дека неговото семејство е „уништено“. “Ема го држеше нашето семејство заедно. Беше толку убава личност. Сите сме уништени од нејзината загуба. Бесмислено е. Не знам зошто луѓето го прават ова”, рече Ли.

Насилниците и биле од претходно познати на полицијата

Две 17-годишни момчиња се обвинети за убиство. Во соопштението на полицијата се вели дека расправијата се случила на адреса во Витфилд Кресент, а потоа „се преселила во дворот“. Двајцата сторители побегнале пеш пред да дојде полицијата. „Истражителите употребија тим од кучиња за да лоцираат четворица тинејџери на блиската локација нешто пред 4 часот наутро“, соопшти полицијата.

Двајца 17-годишници се обвинети за убиство, обид за убиство и неовластено влегување во туѓ имот. Во меѓувреме, уште еден 17-годишен и еден 16-годишник продолжуваат да и помагаат на полицијата во истрагата. Од полицијата наводно потврдиле дека сите четворица малолетници и биле и претходно познати на полицијата.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Австрија: Количка со две бебиња падна по стрмна падина, едно дете загина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Тројца загинати во пожар во болница кај Виена

Ана Ололовска

„Хајл Хитлер“ на разглас – шокирани патници во австриски воз

Грозоморно убиство во Виена: 10 мажи ја опколиле жртвата, со мачета му ги сечеле нозете и рацете и побегнале

ВИДЕО: Радикалните десничари го напуштија австрискиот парламент за време на говорот на Зеленски

Австрија изложена на критики поради издавање визи на руски пратеници кои се под санкции на ЕУ