Двајца израелски министри се сретнаа со Абас во Рамалах

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас синоќа имаше средби со двајца израелски министри во Западен Брег. Тој се сретна со израелскиот министер за здравство Ницан Хоровиц и со министерот за регионална соработка Есави Фреиџ.

Официјалната палестинска новинска агенција Вафа објави дека Абас „ја нагласи важноста за завршување на израелската окупација и постигнување на праведен и сеопфатен мир“.

Хоровиц на Твитер објави фотографија со Абас, при што напиша: „Ние имаме заедничка мисија да ја сочуваме надежта за мир врз основа на дводржавно решение“.

Абас во август во своето седиште во Рамалах имаше средба со израелскиот министер за одбрана Бени Ганц.

Абас тежнее кон формирање на палестинска држава во Западен Брег, Појасот Газа и Источен Ерусалим, територии освоени од Израел во војната 1967 година

Новата израелска Влада, која положи заклетва во јуни, ја сочинуваат осум партии, вклучително и ултрадесничарски, кои се против палестинска држава и тие кои поддржуваат решение по моделот две држави.

Премиерот на Израел, Нафтали Бенет, кој е лидер на верска партија, исто така е против формирање на палестинска држава, но апелира за намалување на тензиите.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск