Двајца илегални мигранти се задушија во товарен воз во Тексас

Од:

Двајца илегални мигранти вчера се задушија во товарен воз во Јужен Тексас, а уште 10 на кои им била потребна медицинска помош се пренесени во болница со хеликоптер или брза помош, соопшти полицијата.

Официјални лица во Увалде, Тексас, добиле анонимен повик 911 во кој се вели дека голем број имигранти се задушуваат во воз, соопшти тамошната полиција. Според полицијата, на најмалку 15 имигранти им била потребна итна медицинска помош.

Агентите на американската гранична патрола беа известени и успеаја да го запрат возот источно од Книпа, Тексас, во округот Увалде.

Федералните истражители ја разгледуваа можноста за шверц на луѓе, објави американското Министерство за домашна безбедност. Инцидентот се случи во близина на местото на тешката несреќа минатата година, кога 53 мигранти загинаа во задниот дел на камион на голема топлина при обид за шверц ма мигранти.

Во тој случај, двајца Американци се обвинети пред федералниот суд и може да се соочат со смртна казна, додека двајца Мексиканци се обвинети за полесни злосторства.

Во последниот инцидент, според началникот на полицијата Даниел Родригез, веројатно е дека мигрантите дехидрирале поради топлината во вагоните за време на екстремно топлото време, објави телевизијата КСАТ.

Државната безбедност допрва треба да ја утврди националноста на жртвите и дали меѓу нив има семејства или деца, изјави претставник на министерството запознаен со случајот. Книпа е на околу 72 милји (115 км) западно од Сан Антонио и на околу 120 милји (190 км) од границата со Мексико.

Се наоѓа во близина на градот Увалда, каде во мај минатата година имаше масовно пукање во основно училиште, во кое беа убиени 19 училишни деца и двајца учители.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана