Дваесетмина повредени во железничка несреќа во Чешка

Од:

Дваесет лица се повредени денеска кога воз се судри со мерно возило во Кдин во западниот округ Домазлица, изјави портпаролот на чешката служба за спасување.

Четири лица се сериозно повредени и тие се пренесени со хеликоптер во болниците во Пилсен и Прага, изјави портпарол, додавајќи дека другите повредени се пренесени во болниците во регионот.

Судирот се случил, недалеку од германската граница. Според првичните податоци на операторот на железничката мрежа се чини дека возачот на возилото занемарил знак за запирање.

Мерните возила се користат за откривање на оштетувања на колосекот.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски