Дваесет отсто од хоспитализираните со Ковид-19 во Белгија се деца под 12 години

Од:

Здравствените статистики во Белгија откриваат дека секој петти хоспитализиран во земјата е дете под 12 годишна возраст, јави дописничката на МИА од Брисел.

Според докторката Ан Тилеманс ова се должи на фактот што вирусот највеќе циркулира кај најмладите, а децата се многу малку или воопшто не се вакцинирани.

Помеѓу 10 и 23 јануари оваа година болниците избројале 591 дете помеѓу 0 и 11 години хоспитализирано поради Ковид-19, односно 20 отсто од хоспитализациите во државата.

Светла точка е што ниеден од овие случаи немал фатален исход.

Здравствените експерти и докторите на педијатрија оценуваат дека ова се должи на фактот што само пет отсто од децата помеѓу 0 и 11 годишна возраст добиле дупла доза вакцина до сега. Кај постарите деца, над 12 години, кои се повеќе вакцинирани, обемот на хоспитализации е значајно помал, велат статистиките. Докторите потсетуваат дека иако омикрон е послаба варијанта, а најмладите се генерално подобро заштитени од Ковид-19, тешки форми на болеста сепак можат да ги засегнат и децата.

Што се однесува до стапката на позитивност, односно бројот на позитивни ПЦР тестови, за децата помеѓу 0 и 11 години, таа изнесува 0,7 отсто. На интензивна нега завршиле “само„ 16 деца. Иако оваа бројка се чини мала, таа е сепак поголема од претходните недели, покажуваат податоците од белгискиот институт за јавно здравје, Сиенсано.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата