Дваесет и пет мигранти загинаа во бродолом во близина на Сирија

Од:

Најмалку 25 лица загинаа во близина на брегот на Сирија кога брод со мигранти од Либан се преврете, објавија сириските државни медиуми.

Ова е една од најсмртоносните несреќи откако се поголем број Либанци, Сиријци и Палестинци почнаа да бегаат од кризата што го зафати Либан.

Според сириската државна телевизија, која ја пренесува изјавата на началникот на сириското пристаниште генерал Самера Куброслија, 25 лица загинале во несреќата.
Тој додаде дека 15 преживеани биле згрижени во болницата во градот Тартус и дека повеќето од нив се Либијци и Сиријци, а некои од нив се без лични документи.

Не е познато колку луѓе биле на бродот и каде патувал бродот, додека крајбрежната стража и натаму трага по телата.

Илјадници Либанци, Сиријци и Палестинци го напуштија Либан со бродови во последните месеци во потрага по подобри можности во Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети