Два воени хеликоптери Black Hawk се урнаа во САД, при што загинаа девет

Од:

Девет лица загинаа синоќа кога два хеликоптери на американската армија Black Hawk се урнаа за време на рутинска мисија за обука над Кентаки.

Членовите на екипажот летаа со два хеликоптери HH-60 Black Hawk, управувани од 101-та воздухопловна дивизија. Хеликоптерите се урнаа околу 22 часот по локално време во округот Триг, Кентаки, соопшти претходно канцеларијата за односи со јавноста на Форт Кембел, без да го прецизира бројот на жртвите.

„Имаме тешки вести од Форт Кембел, со првите извештаи за пад на хеликоптер. Се очекуваат жртви“, објави гувернерот Енди Бешеар во објава на Твитер, додавајќи дека локалните власти и службите за итни случаи реагираат.

HH-60 е варијанта на хеликоптерот Black Hawk дизајниран да поддржува различни воени операции, вклучувајќи воздушни напади и медицинска евакуација.

Би можело да ве интересира

Мајк Пенс се кандидира за претседател на САД, ќе се бори против Трамп

Поранешен американски шпион: Време е да се каже вистината за НЛО

Ана Ололовска

ВИДЕО: Две лица загинаа во пад на мал авион во Америка

Ана Ололовска

Напад со нож во Кливленд, ранети тројца полицајци

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бајден: Америка го доби она што и требаше, спречивме економски колапс

Ана Ололовска

80 години затвор за тинејџер кој си ги уби мајката и сестрата