Два проценти од граѓаните на ЕУ немаат сопствен тоалет

Од:

Два проценти од сите граѓани на ЕУ немаат сопствен тоалет, покажуваат податоците на Евростат објавени по повод утрешниот Светски ден на тоалетот.

Податоците покажуваат дека постои голема разлика помеѓу земјите членки од оние во кои сите граѓани имаат свои тоалети, до оние во кои речиси секоја четврта личност живее без тоалет во своите четири sида.

Во 18 земји членки на ЕУ, помалку од еден процент од граѓаните немаат тоалет, а меѓу нив е и Австрија со 0,5 проценти.

Во Шведска нема граѓани кои немаат сопствен тоалет во својот стан.

Од друга страна, во Романија, речиси секое четврто лице живее без тоалет (24,2 проценти).

На второто, неславно место според бројот на граѓани кои живеат без сопствен тоалет е Бугарија, каде 13,7 проценти од граѓаните ја немаат таа просторија.

Следат Литванија со 10 проценти, Латвија со 8,7 проценти, Естонија со 4,7 проценти и Унгарија со 3,1 процент.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски