Два и пол милиони верници на аџилак во Саудиска Арабија

Од:

Речиси два и пол милиони муслимански верници учествуваа денеска во симболичното „каменување на ѓаволот“ за време на завршните денови на аџилакот во Саудиска Арабија.

Претходно, аџиите вчера се искачија на планината Арафат каде пророкот Мухамед ја одржа последната проповед пред околу 1.400 години, повикувајќи на еднаквост и единство меѓу муслиманите.

Аџилакот е еден од петте столба на исламот и секој муслимански верник треба да го направи барем еднаш во својот живот, доколку има средства за тоа.

Годинава аџилакот се паѓа во време на големи тензии во Заливот, каде во претходниот период имаше напади врз танкери со нафта, уривање беспилотни летала и запленети танкери.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови