Два брода потонаа во близина на Тунис, загинаа најмалку 29 африкански мигранти

Од:

Најмалку 29 мигранти од субсахарска Африка загинаа во потонувањето на два брода во близина на брегот на Тунис додека се обидувале да стигнат до италијанскиот брег преку Средоземното Море, објави туниската крајбрежна стража.

Во одвоена несреќа во последните четири дена, пет чамци со мигранти потонаа недалеку од брегот на јужниот туниски град Сфакс. Во тој случај загинаа девет лица, а 67 се сметаат за исчезнати.

По Либија, Тунис стана главна почетна точка за сите оние кои се обидуваат да избегаат од сиромаштијата и конфликтите во Африка и на Блискиот Исток, надевајќи се на подобар живот во некоја од европските земји.

Хусем Џебабли, висок функционер на националната гарда, изјави за Ројтерс дека туниската крајбрежна стража успеала да спаси единаесет мигранти малку посеверно, недалеку од брегот на градот Махдија.

Во последните четири дена, припадниците на крајбрежната стража запреа околу 80 бродови и чамци кои пловеа кон Италија, при што беа задржани повеќе од 3.000 мигранти, од кои повеќето од субсахарските африкански земји.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен тетовец кој шверцувал 10 мигранти од Сирија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Уапсени кумановци и кратовци, криумчари на мигранти: Биле дел од меѓународна група, им земале од 2000 до 4000 евра

На автопатот Демир Капија-Неготино: Уапсен е шверцер на мигранти, странците завршија во прифатен центар

Во близина на Неготино: Уапсен шверцер на мигранти

На авотпатот кај Миравци полицијата во „ауди“ пронашла 10 мигранти од Сирија и еден од Ирак

Во близина на Тунис од морето се извлечени 210 тела