Два американски разурнувачи впловија во Персискиот Залив

Од:

Американските разурнувачи „Мекфол“ и „Гонзалес“ синоќа впловија во Персискиот Залив, објави денеска информативниот портал на Воено поморскиот институт на САД, повикувајќи се на извори во Пентагон.

Порталот, наведува дека воените бродови веќе го минале Ормускиот Теснец. Според расположливите податоци, секој од бродовите може да носи по 50 крилести ракети „Томахавк“.

Претходно во Оманскиот Залив пристигна и ударна поморска група предводена од носачот на авиони „Абрахам Линколн“.

Во последно време односите помеѓу Вашингтон и Техеран се заострија и присуството на американски воени бродови во регионот се смета како притисок на САД врз Иран.

САД дури го обвинија Иран дека стационира ракети во Персискиот Залив.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека нема намера да испрати копнени трупи во регионот и дека идејата за воена интервенција на САД во Иран е неоснована.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

ВИДЕО: Морничава сцена на плажа, исчезна пред 2 недели, водата го исфрли масакрираното тело

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Америка блокада на воениот брод кој носи оружје за Израел: Престанете со убивање луѓе

Предраг Петровиќ

Русија против американската резолуција за Израел и Газа во ОН

Помпео: „Америка ја изгуби моќта да ја контролира Русија“

Пукање во средно училиште: Убиен средношколец

Предраг Петровиќ