Дутерте ја обвини ЕУ дека го блокира пристапот до вакцини

Од:

Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте ја обвини Европската унија дека го блокира извозот на вакцини против коронавирусот и „остава некои земји без пристап до вакцините“.

Дутерте во синоќешното телевизиско обраќање рече дека неговата Влада прави сè што е можно за да набави вакцини и да почне со имунизација, но има тешкотии во набавката.

– Ние не сме моќни како ЕУ, рече тој во одговор на критиките дека Филипините заостануваат во вакцинацијата.

– Имаме пари, подготвени се … Но Европската унија ја држи во заложништво АстраЗенека, додаде тој.

ЕУ води разговори со АстраЗенека откако производителот на вакцини најави голем застој во снабдувањето со вакцини за Унијата.

Дутерте исто така рече дека новиот систем на ЕУ за контрола на извозот на вакцини може да се искористи за блокирање на извозот во земји како Филипините со цел да се задржат дозите во ЕУ, јави ДПА.

СЗО вчера соопшти дека Филипините ќе добијат 44 милиони дози вакцини од програмата Ковакс, а 9,2 милиони дози се очекуваат во првата половина на годината.

Филипинската Влада соработува и со приватни компании за купување вакцини. Земјата заклучно со вчера регистрираше 527.272 заразени и 10.807 смртни случаи од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони