Душевно болна жена со брич рани четири лица во метро во Париз

Од:

Жена со психичко нарушување со брич им нанела повреди на четири лица во подземната железница на францускиот главен град Париз.

Инцидентот се случил на станицата Бобини-Пабло Пикасо. Бремената 28-годишна жена прво го потчуклана по грбот мажот кој стоел пред неа на перонот, а кога тој се свртел таа му нанела удар со бричот во пределот на вратот. Веднаш потоа нападнала уште тројца патници, нанесувајќи им повреди на рацете, лицето и вратот.

Жената, која е алжирска државјанка, била приведена во полиција, а лекарите утврдиле дека таа има сериозни психички проблеми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм