ДУП се согласува за поддршка на британските конзервативците но засега нема договор

Од:

Северноирската унионистичка партија (ДУП) на Арлен Филипс, соопшти доцна синоќа дека „во принцип“ се согласува за постигнување „договор за доверба и поддршка“ со Конзервативната партија на Тереза Меј во британскиот Парламент, но дека засега нема согласност за тоа.

Во соопштението се вели дека досегашните разговори биле позитивни и дека ќе продолжат во текот на идната недела, околу уредувањето на деталите што треба да обезбедат парламентарна подршка од ДУП за конзервативците.

Во текот на вчарашниот ден, генералниот секретар на ториевците во владата, Гавин Вилијамсон престојувал во Белфаст и разговорал со функционерите на ДУП околу договорот за доверба, меѓу двете партии, од што зависи стабилноста на малцинската влада на Велика Британија, за која се определи Меј, настојувајќи да се избегнат нови парламентарни избори.

Договорот со ДУП не е коалициски договор, туку претставува согласност за тоа помалата партија, да ја подржува поголемата при клучни гласања во Долниот дом на Парламентот во Лондон, како што е тоа буџетот.

Ваквата ситуација се создаде откако конзервативците доживеаја неуспех на изборите од 8 јуни, на кои наместо очекуваната „уверлива победа„ останаа без мнозинството во Парламентот.

Осум претенички места им недостигаат на ториевците за да можат сами да формираат стабилна влада, додека ДУП успеа во изборните единици во Северна Ирска да обезбеди за себе десет пратеници во Вестминстер кои сега ке треба да ја одржуваат малцинската влада на Тереза Меј.

Претходно беше јавено дека партиите успеале да се спогодат, а портпаролот во Даунинг стрит 10 во Лондон го поздрави договорот, оправдувајќи го со потребата да се овозможи „неопходната стабилност, што земјата ја бара пред и за време на претстојните разговори со ЕУ за Брегзит„.

Подоцна од Белфаст беше јавено дека кабинетот на премиерот Меј „има направено грешка„ и дека преговорите се уште траат и ке продолжат, но дека засега нема договор меѓу ДУП и Конзервативната партија.

Договорот со северноирската партија, во понеделник, треба да се најде на разгледување и одобрување, пред министрите во британската влада.

Високи функционери на конзервативците, синоќа изразија загриженост околу „пактирањето„ со ДУП .

Медиумите во Лондон откриваат дека петицијата на интернет , со несогласување за договор на ториевците со оваа северноирска партија ја потпишале 580 илјади лица, изразувајќи загриженост за позициите на ДУП кон хомосексуалните права, абортусот и смртната казна.

Загриженост околу договорот има изразено и лидерот на шкотските конзервативци Рут Дејвидсон која е најзаслужна за успехот на партијата на Меј во Шкотска.

Би можело да ве интересира

„Тајмс“: Лондон преговара со Киев за испорака на ракети

Ана Ололовска

Британскиот министер за здравство не исклучува бројот на заразени со Ковид-19 да биде 100.000 дневно

Ана Ололовска

Кралицата Елизабета го откажа патувањето за Северна Ирска по совет на докторот

А1он

Џонсон најави партнерство со Гејтс во вредност од 552 милиони долари

Ана Ололовска

Во последните 24 часа во Британија регистрирани 43.738 нови случаи на коронавирус, најмногу во Европа

Ана Ололовска

Евакуација на аеродромот во Манчестер поради сомнителен пакет

А1он