Дуда освоил 43,5 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори, Трасковски 30,5 отсто

Од:

Актуелниот полски претседател Анджеј Дуда во во првиот круг од претседателските избори во Полска, минатиот викенд, освоил 43,5 проценти од гласовите, јави ДПА.

Во вториот круг од гласањето, на 12 јули, Дуда ќе се соочи со либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Трасковски, кој во првиот круг освои 30,5 проценти од гласовите.

Дада најголем дел од гласовите ги освои на истокот и југоистокот од земјата, каде неговата конзервативна платформа стои најдобро, како и во малите градови и руралните области.

Германската агенција наведува дека Трасковски победил во големите градови.

Дуда е поддржан од владејачката национално-конзервативна партија Право и правда (ПИС). Неговата евентуална победа ќе ја консолидира моќта на партијата на власт барем до 2023 година, кога се закажани следните парламентарни избори. Доколку, пак, Дуда не успее да го освои својот втор петгодишен мандат, додава германската агенција, моќта на владејачката партија би можела да ослабне, бидејќи ПИС не контролира доволно мнозинство пратеници во Долниот дом за да го надмине претседателското законодавно вето.

Зад двајцата прворангирани кандидати се најде независниот христијанско-демократски кандидат Сизимон Холовнија, кој освои 13,9 отсто од гласовите. Кандидатот на конзервативната либерална групација Конфедераџа, Кшиштоф Босак, пак, е четврти со 6,8 проценти. Земјоделскиот христијанско-демократски кандидат, Владислав Косињак-Камиц се најде на петтото место, со освоени 2,4 отсто од гласовите, а првиот деклариран геј кандидат за претседател, Роберт Бедрон, обезбеди 2,2 проценти.

Излезноста во првиот круг од изборите беше 64,5 проценти, што е највисоко во последните 25 години, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

(ВИДЕО) Два тона ѓубриво фрлени пред домот на рускиот амбасадор во Полска

Горан Наумовски