Државјанка на БиХ во Данска за помагање на „Исламска држава“ осудена на 4 години затвор

Од:

Елмина Аљиќ, по потекло од БиХ, која беше евакуирана од сириски затворски логор во 2021 година, судот во Данска ја осуди на четири години затвор и и беше одземено данското државјанство поради помагање на милитантите на „Исламска држава“.

Оваа 38-годишна жена во февруари 2015 година отпатувала во Сирија со сопругот и децата и работела како домаќинка во Рака, упориште на Исламската држава, пренесува Српскаинфо.

Аљиќ, која сè уште има државјанство на БиХ, пред судот призна дека им помагала на милитантите работејќи како домаќинка, рече нејзиниот адвокат.

Изворот наведува дека таа се уште не одлучила дали ќе се жали на пресудата.

Три жени и 14 деца беа евакуирани од Сирија во Данска во 2021 година.

По пристигнувањето во Данска, жените биле уапсени и обвинети за помагање на терористичка организација и илегално патување во воена зона.

Една од трите жени минатата година беше осудена на три години затвор.

Би можело да ве интересира

САД: Убивме припадник на ИСИЛ кој планираше терористички напади во Европа

Горан Наумовски

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Најмалку 11 загинати, повеќето цивили, во нападот во Сирија кој се припишува на терористичката ИД

Американската војска го убила лидерот на Исламската држава во северна Сомалија

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз светото место Шах Чераг во Иран

Објавена листа со 15 македонски државјани кои се бореле за ИСИС во Сирија

Катерина Павлова-Николовска