Дрвјата Џошуа под закана од исчезнување

Од:

Познатите калифорниски дрвја Џошуа наскоро може да бидат прогласени за загрозени, пишува Лонли Планет.

Овие растенија, кои се на Земјата веќе 2,5 милиони години, може да бидат првите што ќе добијат заштита според Законот за загрозени видови на Калифорнија (ЦЕСА). Центарот за биолошка разновидност поднесе молба за нивна заштита, бидејќи истражувањата покажаа дека нивното сегашно живеалиште станува помалку одржливо поради климатските промени.

Растат во пустината Мохаве, извртеното, зашилено дрво Џошуа (Yucca brevifolia) е сукулент (сукулентите се група растенија чија заедничка карактеристика е што имаат меснати и сочни лисја и стебло, а поретко и корен). Го има во различни форми. Овие растенија се важен дел од екосистемот, обезбедувајќи услови за живот на многу птици, цицачи, инсекти и гуштери. Сепак, студиите покажуваат дека поради климатските промени, само 0,02 отсто од сегашното живеалиште на дрвјата во Националниот парк Џошуа три ќе остане погодно за него до крајот на векот.

Како што климата се загрева, репродуктивниот капацитет на овие дрвја се намалува. Друг проблем е што некои пустински треви сè повеќе предизвикуваат пожари кои се шират меѓу дрвјата.

Со оглед на овие закани, Калифорниската комисија за риби и дивеч одлучи дека вклучувањето на дрвото Џошуа на загрозената листа на ЦЕСА може да биде оправдано. Доколку се случи ова, нема да биде можно да се оштетат, отстранат или исечат овие растенија без посебна дозвола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Калифорнија: Снегот блокираше патишта

ВИДЕО: Украл авион од аеродром и слетал на плажа во Калифорнија

(ВИДЕО) Домови на милионери паднаа по карпи, од лизгањето на земјиштето луксузни вили на само милиметри од Пацификот

Горан Наумовски

Хеликоптерска несреќа во Калифорнија, има и загинати

А1он

(ВИДЕО) Големо невреме направи хаос во Калифорнија, тројца мртви

ВИДЕО: 14-годишник во Калифорнија си ги убил родителите, измислил дека ги нападнале провалници