Дронови ќе ги чуваат австралиските капачи од нападите на бели ајкули

Од:

Дронови, но и други најмодерни технолошки средства летово ќе бидат употребени долж океанскиот брег на источноавстралиската држава Нов Јужен Велс, со кои ќе се следи движењето на ајкулите и ќе се спречат нивните евентуални напади врз капачите, информираа австралиските власти.

Шпицот на туристичката сезона во овој дел на Австралија, што е најнаселен и во кој се наоѓа најголемиот австралиски град Сиднеј, почнува во декември.

Според пишувањето на локалните медиуми, одлуката за воведување таков систем на надзор врз 2.000 километри долгите плажи е донесена заради се почестите напади на бели ајкули, а само оваа година веќе имаше 13 регистрирани случаи на напади.

На почетокот на декември дроновите ќе ги надлетуваат сиднејските и другите популарни плажи.

Употребата на сонари ќе биде тестирана на пет плажи, а ќе бидат користени и хеликоптери.

Собраните податоци ќе бидат синтетизирани и објавени на посебна апликација.

-Горди сме што први во светот ќе спроведеме глобална стратегија која за своја примарна цел ќа ја има безбедноста на плажите, изјавија официјални претставници на државата Нов Јужен Велс, пренесуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски