Драматични снимки: Разорно торнадо го погоди западниот дел на Германија

Од:

Во разорното торнадо проследено со бура, кое го погоди западниот дел на Германија, најмалку едно лице загина, а околу 40 се повредени.

Околу 10 лица се тешко повредени, јавија полицијата и локалните медиуми.

„Во невремето се повредени околу 40 лица, од кои најмалку 10 потешко“, се вели во соопштението на градската полиција.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека се работи за торнадо со карактеристичен ротирачки циклон кој расфрла отпад низ воздухот, иако германската метеоролошка служба првично не потврди дека се работи за торнадо, пренесува Ројтерс.

Еден 38-годишен маж загина во градот Витгерт на крајниот запад на земјата од повреди на главата здобиени по пад, по претрпен струен удар во поплавен подрум, објавија локалните медиуми и полицијата.

Полицијата соопшти дека до 40 лица се повредени во Падерборн, град со околу 150.000 жители на половина пат меѓу Франкфурт и Хамбург, а железничкиот и патниот сообраќај е во прекин низ регионот.

На социјалните мрежи беа објавени фотографии од градот Хелингхаузен на кои се гледа дека невремето ја откорнало кулата од покривот на црквата.

Полицијата објави слики од градот Падерборн на кои се гледаат паднати дрвја и покриви кои ветрот ги кренал од куќите и ги срушил.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени