Драматични снимки од Брисел: Полицајци се сокрија во метро, демонстрантите фрлаа огради врз нив

Од:

Во Брисел денеска се одржа масовен протест против епидемиолошките мерки. На протестот се собраа десетици илјади луѓе, а организаторите велат дека имало повеќе од 100.000.

Но, протестот не помина без проблеми. Дел од демонстрантите се судрија со полицијата. Кон полицајците биле фрлени факели, камени блокови и огради, а демонстрантите биле снимени како упаднале во зградата на една европска институција која ја обезбедува полицијата.

Полицајците во еден момент при нападот на демонстрантите се сокриле во метрото.

Полицијата возврати со водени топови и солзавец. Засега нема информации за повредени и приведени. Новинарот Клемент Лано на својот Твитер профил објави серија драматични видеа на кои се гледа бесот на демонстрантите.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски