Драма над Балтикот: Руски авион пресретна два американски бомбардери

Од:

Руски авион Су-35 успеал да пресретне два стратешки бомбардери Б-52Х на американското воено воздухопловство над Балтичкото Море, соопшти во понеделникот рускиот Национален одбранбен контролен центар.

– На 20 март 2023 година, радарите за противвоздушна одбрана на дежурниот Западен воен округ открија две воздушни цели над Балтичкото Море кои летаат кон државната граница на Руската Федерација. Целите се идентификувани како два стратешки бомбардери Б-52Х на Военото воздухопловство на САД – соопшти Министерството за одбрана.

Министерството соопшти дека ловецот Су-35 отишол да ги идентификува авионите и да спречи нарушување на државната граница, додавајќи дека екипажот стигнал до одредено воздушно патролно подрачје, пренесува ТАСС.

– Откако странските воени авиони се оддалечија од државната граница на Руската Федерација, рускиот авион се врати во матичната база – се наведува во соопштението.

Да потсетиме, американската војска минатата недела објави дека руски борбен авион удрил во пропелерот на шпионски дрон, кој потоа паднал во Црното Море. Русија тврдеше дека тоа не е точно и дека авионот се урнал поради „остри маневрирање“. Во меѓувреме, Русија наводно пристигнала на местото на собореното американско беспилотно летало, јавува CNN за еден вид трка меѓу руските и американските сили кои први ќе стигнат до беспилотното летало.

Би можело да ве интересира

80 години затвор за тинејџер кој си ги уби мајката и сестрата

Бебе почина во вжештено возило, родителите додека беа на миса и го оставија само три часа

ВИДЕО: Жената која го обвини Бајден за сексуален напад пребега во Русија

Катерина Павлова-Николовска

Русија: Украина гранатираше пограничен град, оштетени згради, запалени возила…

Ана Ололовска

Медведев: Британија е вечен непријател на Москва

Ана Ололовска

Легија на слободата на Русија: Регрутираме илјадници за да ја нападнеме Москва

Ана Ололовска