Драги: САД и Русија да седнат на преговарачка маса за да најдат решение за Украина

Од:

Италијанскиот премиер Марио Драги синоќа во Вашингтон ги повика САД и Русија да седнат на „мировна преговарачка маса“ за да најдат решение за излез на Украина од руската агресија.

„Потребно е да се вложат напори и да се седне на маса да се преговара, а таков напор мора да направат сите сојузници, но секако и Русија и САД“, рече Драги.

Во изјавата еден ден по средбата со американскиот претседател Џо Бајден, Драги истакна дека „сите мора да преговараат“.

„Украина, се разбира, е главниот актер на таа преговарачка маса, затоа што треба да се избегне секаков сомнеж во тоа дека мирот е наменет, дека тоа е мир кој им одговара на САД, Европејците или Русите, а кој не би бил прифатлив за Украинците“, рече италијанскиот премиер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“