Дождот во Австралија помага во сузбивањето на пожарите, но предизвика поплави

Од:

Денешните обилни дождови во австралиската држава Квинсленд, изгаснаа дел од пожарите што опустошија 2,5 милиони хектари од септември, но исто така предизвикаа поплави во некои делови.

Според проценките во некои области наврнале една четвртина од годишните просечни врнежи од дожд, а државното Биро за метеорологија соопшти дека во крајбрежните области евидентирани се до 160 милиметри дожд за 24 часа.

„Се очекува повеќе дожд во текот на следните денови“, објави Бирото на Твитер.

Како што се посочува, неколку лица биле спасени од поплавите, а некои мостови и насипи се затворени за сообраќај, но не е пријавена поголема штета.

Неодамнешните дождови во Квинсленд, Викторија и Нов Јужен Велс помогнаа во борбата против стотиците пожари што изгореја површина со големина на Грција, при што загинаа 33 луѓе и милиони животни.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча