Досега од коронавирус се заразени 31.074.026 лица, починале 962.709 пациенти

Од:

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 31.074.026 лица. Од нив починале 962.709 пациенти, а оздравеле 22.658.885 луѓе.

– Во изминатите 24 часа во Грција е намален бројот на нови случаи на Ковид-19, но е зголемен бројот на починати лица и пациенти приклучени на апарати. Според денешните податоци од Националната организација за јавно здравје, регистрирани се 170 новозаболени, починаа седум лица, а 78 хоспитализирани се приклучени на апарати, 13 повеќе од вчера. Од почетокот на епидемијата, заразени со коронавирусот се 15.142 лица, а починаа вкупно 338 лица.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти 10 нови случај на Ковид-19, од 2.164 направени тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 1.600 лица.

– Во Косово во изминатите 24 часа се регистрирани две починати, 61 новозаболено и 119 излекувани лица од Ковид-19. Вклучително последните официјални статистики, во земјата од почетокот на пандемијата има 613 смртни случаи и 15.063 заразени од коронавирусот. Болеста ја совладале вкупно 12.570 лица, така што активни се 1.880 случаи.

– Во Црна Гора во изминатото деноноќие регистрирани се 226 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на заболени се искачи на 8.612 луѓе. Пријавени се два смртни случаи, а од почетокот на пандемијата од последици од новиот коронавирус починале 136 луѓе. Во земјата во моментот има 3.208 активни случаи.

– Во изминатите 24 часа во Србија регистрирани се 68 новозаболени лица со Ковид-19, а еден човек почина, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 741.

– Во БиХ за еден ден потврдени се 212 нови случаи, а петмина починале од последици од Ковид-19. Најголем број на новозаразени има на подрачјето на Сараево и на Бања Лука. Во изминатите два месеци дневниот број на нозвозаболени просечно беше 300.

– Во изминатите 24 часа во Романија забележани се 1.231 новоинфицирани лица со Ковид-19 и 33 смртни случаи. Со тоа вкупниот број на пациенти во земјата се искачи на 112.781, од кои 4.435 луѓе починале од последици на новиот коронавирус.

– Во Германија за еден ден потврдени се 1.345 позитивни случаи, а две лица починале. Од почетокот на пандемијата во Германија заболеле 271.415 лица од кои 9.386 починале.

– Во Велика Британија денеска пријавени се 3.899 новозаболени лица, што е намалување на бројот на пациенти во однос на вчера кога беа забележани 4.422. поради пораст на бројот на новзаболени изминатите недели воведени се построги ограничувања во цела земја и неколку локални блокади.

– Во Украина во изминатите 24 часа забележани се 2.966 новозаболени со Ковид-19, со што вкупниот број на пациенти се искачи на 77.512. во истот период починаа 41 човек, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 3.557.

– САД и понатаму се на прво место во светот по бројот на инфицирани и починати луѓе од последици од новиот коронавирус. Во изминатите 24 часа регистрирани се 16.044 случаи, со што вкупниот број на заразени изнесува 6.983.447, од кои од кои 203.959 починале, а оздравеле 4.227.447 луѓе.

– По САД следи Индија, каде во изминатите 24 часа регистирани се 20.4511 новозаболени, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 5.418.681 лица. Во истиот период од последици од Ковид-19 починаа 152 лица, а вкупниот број на смртни случаи изнесува 86.926.

На трето место е Бразил со вкупно 4.528.347 заболени лица од Ковид-19 и 136.565 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски