Руското Министерство за одбрана потврди дека уште четири воени бродови се движат кон сириските води каде што ќе се приклучат на групата на руски бродови кои се веќе во овој дел од средоземното Море. Руската новинска агенција РИА Новости пренесува изјава на воени офицери кои истакнуваат дека бродовите би можеле да учествуваат во евакуација на руските државјани од Сирија.
“И покрај фактот дека задачите на воени бродови не се обелоденети, може да се претпостави дека – со оглед на моменталната ситуација во регионот – дека нивната главна задача ќе биде можната евакуација на руските државјани од Сирија”, изјави извор за руската новинска агенција.
Руското Министерство за вонредни ситуации, денес потврди дека се испратени два авиони со хуманитарна помош во сирискиот крајбрежен град Латаки. Во авионите има 46 тони хуманитарна помош за цивилите. Од министерството, исто така, посочуваат дека авионите ќе ги евакуираат руските граѓани кои сакаат да се вратат во Русија.
Да потсетиме, во последниве неколку месеци руски бродови се движат околу Сирија, а притоа се изведени и неколку воени вежби. Дипломатски извори велат дека зголеменото присуството на русите во водите околу Сирија не е никаква случајност и дека овој потег е и предупредување до западните сили, кои во тоа време сериозно планираа да започнат воена интервенција против Сирија.