Донаторска конференција за помош на Авганистан

Од:

„Ако не инвестираме во управувањето, правдата, човековите права, вработувањето и социјалниот напредок, ќе го обезвредниме саможртвувањето, кое го правевме во изминатите десет години, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, на меѓународната донаторска конференција за Авганистан, која се оджува воТокио.

На конференцијата a учествуваат 80 земји и организации.

Бан Ки-мун повика да не се заборават хуманитарните потреби на бегалците, како и да се направи повеќе за жените и децата на Авганистан, особено за образованието на девојчињата и се заложи за поголемо учество на жените во политичкиот живот.

„ Претседателот на САД Барак Обама ќе побара од Конгресот да гласа помошта за Авганистан до 2017 година да остане на просечното ниво од изминатата деценија, како дел од меѓународните напори за стабилизација на авганистанската економија, иако повеќето од меѓународните сили ќе се повлечат во следните две години“, вети државниот секретар Хилари Клинтон.

Донаторите ќе се ангажираат за земјата да соберат 16 милиарди долари до 2015 година а ќе бидат наменети Кабул да ја изгради својата економија и да ги направи потребните реформи.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Силен земјотрес го погоди Авганистан

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата