Доналд Трамп: Републиканската партија не сака да победам

Од:

Водечкиот републикански претендент за претседателските избори во САД, милијардерот Доналд Трамп изјави во Њујорк дека раководството на Републиканската партија не сака тој да освои номинацијата на партијата.

Трамп смета дека целиот партиски механизам е направен за да дејствува против него, па го обвини републиканското водство дека „кова заговор“ за негово елиминирање од изборниот процес.

Оваа остра реакција на Трамп доаѓа откако на неговиот директен противник во трката за номинација, сенаторот од Тексас, Тед Круз му беа доделени сите делегати од сојузната држава Колорадо, без да се одржи партиско гласање.

Њујоршкиот милијардер се наоѓа во водство уште од почетокот на кампањата, во јуни минатата година, но сега се соочува со можноста да не успее да обезбеди доволно делегати за победа, за конвенцијата во јули.

Тоа би значело дека на републиканската конвенција, секој од присутните делегати да гласаат според сопствениот избор, а проценките покажуваат дека во таков случај, Трамп би загубил од Круз, или дури и од сега третопласираниот Џон Кејсик.

Таквата разврска ја предвидува и истражувањето на весникот „Вашингтон пост“ кој на јулската конвенција на републиканците, очекува победа на Тед Круз.

Раководството на републиканците ги отфрли обвинувањата на Трамп, тврдејќи дека посебните пропозиции за Колорадо биле определении уште минатата година. Милијардерот-политичар од Њујорк, меѓутоа, вели дека сите делегати во оваа сојузна држава, кои биле за него, биле тргнати настрана од водството на партијата.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски