Донација од британската кралица Елизабета за бегалците од Украина

Од:

Британската кралица Елизабета Втора даде донација за поддршка на луѓето кои бегаат од конфликтот во Украина, соопшти коалицијата на британски хуманитарни организации која упати апел за собирање средства.

„Голема благодарност до Нејзиното Височество Кралицата што продолжи да го поддржува Комитетот за итни случаи при катастрофи и за дарежливата донација на хуманитарниот апел за Украина“, објави коалицијата на хуманитарни организации на Твитер.

Бакингемската палата соопшти дека тоа е приватна работа и одби да даде какви било детали.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот