Домот на лордовите го критикуваше неснаоѓањето на Британија и ЕУ со кризата во Украина

Од:

Комисијата за Европа во Горниот дом на британскиот Парламент го критикуваше неснаоѓањето на Велика Британија и на ЕУ околу настаните во Украина, тврдејќи дека направиле „голема грешка“ кога погрешно го разбрале расположението на Кремљ, во предвечерието на украинската криза.

Во извешатојот на Домот на лордовите се вели дека ЕУ влегла „заспана“ и како „месечар“ во кризата, затоа што не ја разбрала длабочината на руското непријателство и спротивставување кон украинските намери да се договори за поблиски односи со Унијата.

Овие критики од парламентраците доаѓаат во време на засилена непријателска реторика од Лондон кон Москва. Британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон, во меѓувреме, предупреди  дека Русија се подготвува за „агресија“ врз земјите од Балтикот и побара од НАТО подготвеност за да се одговори на ваквата руска политика, обвинувајќи го за тоа претседателот Владимир Путин.

Од Москва, веднаш потоа уследи одговор во кој Фалон беше обвинет дека заборавил на дипломатската етика, како и навестувањето дека Русија ќе најде начин како да му возврати, но категорично отфрлајќи ги обвинувањата за агресија во Балтикот (и НАТО).

Критиките на лордовите се појавуваат во време кога британската опозиција и безбедносни и политички експерти ја криткуваат владата на премиерот Дејвид Камерон дека со својата антиевропска политика предизвикале Британија да се најде во изолација и самата да се исклучи од учеството во разрешувањето на најголемата европска криза, по падот на Берлинскиот ѕид и крајот на Студената војна.

Извештајот на Горниот дом на Парламентот на некој начин ги потврдува ваквите критики во јавноста затоа што во него се забележува дека Велика Британија „не е доволна активна“ во справувањето со украинската криза. Лордовите за тоа го критикуваат и Форин Офисот и финансиските скратувања, од политиката за штедење на буџетските средства.

Кризата во Украина почна во ноември 2013 година, кога тогашниот претседател Виктор Јанукович се откажа од подготвениот договор со ЕУ, за сметка на поцврсти врски со Русија. Тоа предизвика протести на прозападните сили во Киев, што на крајот заврши со соборувањето на Јанукович.

Русија реагираше со анексија на Крим, каде е смесетена нејзината црноморска флота. Британската позиција во тоа време беше за внимателно однесување и за непредизвикување поголема криза во односите со Русија, па Лондон во ниту еден момент не беше меѓу посредниците во кризата,што ја презедоа Германија и Франција, иако е потписник на Будимпештанскиот Меморандум со кој се гарантира територијалниот интегритет на Украина.

Британија затоа не беше дел од двете преговарачки мисии во Минск,за прекин на огнот и за надминување на кризата,а владата во Лондон се вклучи, преку НАТО, во санкционирањето на руското однесување кон Украина и за воените гаранции за членките на Алијансата кои се граничат со Русија.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ