Домашниот карантин на луѓето помогна во закрепнување на животната средина

Од:

Зголемувањето на бројот на заразени од смртоносниот коронавирус наметна човекот да остане затворен на неопределено време во домашен карантин со цел да се заштити од заразување и потренцијална смрт.

Затвореноста создава социјално дистанцирање помеѓу луѓето како една од мерките да се намали бројот на заразени и конечно да се стави крај на пандемијата.

Во целата хаотична состојба во која се наоѓаме сите ние како социјалната, економската, здравствената и политичката нестабилност и неизвесност постои една добра вест која е поврзана со нашето егзистирање – животната средина.

Имено, откако човекот е ставен во домашен карантин, екологистите добија изненадувачки резултати од различни делови на светот.

Во своето ново истражување тие заклучуваат дека флората и фауната „закрепнуваат“ од негативното влијание на човековата индустријализација, особено тоа е најмноу видливо во Кина и азискиот континент.

Европа, по Кина,  е местото каде има најмногу заразени од вирусот и најголема смртност досега.

Италија како земја со најголем број на заразени и починати, целосно го ограничи движењето на луѓето и ја редуцираше количината на дозволени намирници за купување од секое италијанско семејство.

Ограничувањето на движењето на човекот помогна изминатиот период да се прочистат каналите на градот Венеција.

La bellezza salverà il mondo in una Burano deserta i cigni si riappropriano dei canali….

Posted by Marco Contessa on Понеделник, 09 март 2020

Локалните жители на областа Венето каде Венеција е главен град истакнуваат дека значително се подобрува квалитетот на воздухот како и дека е видлива разликата на сите водни површини откога по нив не пловат бродови или добропознатите гондоли.

На улиците дури можеше да се види како слободно оди една дива свиња, а фонтаните ги красат патките пливаќи околу нив.

Исто така, близу локалното пристаниште беа здогледани и делфини што тоа во „вообичаени“ услови е вистинска реткост.

Додека повеќето луѓе се задржани во домашна изолација, низ каналите поминуваат лебедите и другите автохтони животни кои го красат историскиот град и целиот регион Венето.

Би можело да ве интересира

Дали потеклото на вакцината ќе влијае на патувањето на граѓаните

Ландов

Матичните доктори кои не можеа да дискутираат за лекот Ивермектин, ќе гледаат снимка

Секој четврти Русин веќе е отпорен на ковид-19, тврди функционерката Попова

Жарко Настоски

Тренерот на ПСЖ Покетино се зарази со коронавирус

Жарко Настоски

Можеби никогаш нема да го најдеме „нултиот пациент“, велат од СЗО

Жарко Настоски

ВИДЕО: Српскиот епидемиолог Кон се разлути: Јас не сум ничиј подопашник!

Жарко Настоски