Долниот дом на британскиот Парламент го одобри нацрт-законот за брегзит

Од:

Британските пратеници го одобрија контроверзниот нацрт-закон на владата на Борис Џонсон, со кој се доведуваат во прашање одредени точки од договорот меѓу Лондон и Брисел за брегзит.

Предлог-законот доби 340 гласа „за“ и 256 „против“ во третото читање во Долниот дом на британскиот Парламент, што му го отвори патот на горниот дом на парламентот, Домот на лордовите, да расправа за тоа.

Една од точките на спорниот предлог закон се однесува на Северна Ирска. Договорот на Лондон и Брисел предвидува механизам за да се избегне воведување физичка граница помеѓу Северна Ирска и Ирска. Британците би сакале измени во таа одредба, што предизвика незадоволство во Брисел.

ЕУ побара од Велика Британија да го повлече нацрт-законот, заканувајќи се дека ќе се обрати до судството за решавање на ова прашање.

Оваа недела во Брисел се одржува деветтата рунда преговори меѓу Велика Британија и ЕУ за идните трговски односи меѓу двете страни.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он