Докторка загина во експлозија на бомба во Авганистан

Од:

Локалните власти во источниот авганистански град Џалалабад потврдија дека една лекарка е убиена во денешната експлозија на бомба поставена на пат, само неколку дена откако тројца новинари беа убиени во истиот град.

Портпаролот на гувернерот на провинцијата Нангархар изјави дека докторката, чие име не се открива, патувала на работа во родилиште, кога била убиена во експлозија на бомба поставена покрај пат, едно дете е повредено, и засега никој не презеде одговорност за нападот.

Авганистанската Влада и некои странски сили ги обвинуваат талибанските бунтовници за многу вакви напади и тврдат на овој начин оваа милитантна група предизвикува страв со избегнување големи жртви меѓу цивилите, но талибанците негираат дека се вмешани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Почина жената која беше повредена во експлозијата во Параќин

Жена е тешко повредена во експлозија во Параќин

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

(ВИДЕО) Експлодира цистерна со гас во Монголија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Едно лице e повредно во експлозија на плинска боца во центарот на Куманово

Горан Наумовски