Доколку почине макар и еден мигрант белгиската владина коалиција ќе се распадне

Од:

Белгиските социјалдемократи предупредија дека сите нивни министри ќе поднесат оставка од владината коалиција доколку почине макар и еден од мигрантите што штрајкуваат со глад и жед, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова денеска го соопшти Пјер Ив Дермањ, вицепремиер од редовите на Социјалистичката партија, еден од главните коалициски партнери.

Владата во Белгија на федерално ниво е составена од низа партии во коалиција, од Зелените и Социјалдемократите до Либералите и Демохристијаните.

Зелените и Социјалдемократите бараат итно решение за 450-те мигранти без документи кои штрајкуваат со глад и жед во центарот на Брисел.

Државниот секретар за азил, Сами Мади, е од редовите на Демохристијаните и со поддршка на Либералите одбива да попушти пред барањата на штрајкувачите и покрај внатрешниот политички притисок и надворешниот дипломатски – од Обединетите Нации.

Утринава уште десетина мигранти штрајкувачи се однесени во болница поради влошена здравствена состојба, тие веќе трет ден штрајкуваат со жед, покрај штрајкот со глад што трае од 23 мај.

-Доколку еден мигрант без документи почине сите министри и државни секретари од Социјалдемократска партија ќе поднесат оставка во рок од еден час, му рекол Дермањ на премиерот на Белгија, Александер Де Кро.

Би можело да ве интересира

Белгија во Кривичниот законик го внесува поимот согласност во делото силување

Ана Ололовска

Заштитната маска нема повеќе да биде задолжителна во Белгија

А1он

Белгија: Синдикатите алармираат за опасност од социјална катастрофа поради цените

Ана Ололовска

Белгија не предвидува трета доза вакцина засега

Ана Ололовска

Белгија: Епидемиолозите против укинување на носењето маски на јавни места

Ана Ололовска

ВИДЕО: Белгија повторно погодена од силно невреме – поплавени улици, куќи и возила

Ана Ололовска