Дојче Банк вмешана во корупциски скандал во Кина

Од:

Дојче Банк ја потресува корупциски скандал поврзан со работењето, на таа најголема кредитна куќа, во КИна, јави „Зидојче Цајтунг“.

Според весникот, Дојче Банк во периодот од 2002 до 2014 година, со цел да обезбеди продор на кинексиот пазар, на функционери од кинеската Комунистичка партија и членови на невните семјства им подарувала скапи услуги и подароци.

Весникот посочува дека најводно поранешниот претседател Џианг Цемин на подарок добил кристален тигар и стерео уред во вредност од 18.000 долари, а премиерот Вен Џиабао, кој според кинескиот хороскоп е роден во знакот на коњ, добил кристален коњ во вредност од 15 илјади долари. На синот на еден од основачите на современа Кина му било подарено шише вино во вредност од 6.900 долари.

Банката, исто така, на членовите на семејствата на влијателните политичари им доделувала истакната позиции во компанијата, иако не биле квалификувани за таа работа. Весникот тврди и дека на консултантски фирми во сопственост на членови на семејство и пријатели на истакнати функционери им биле исплатувани милионски износи.

„Зидоче цајтунг“ објави дека при истрагата на Американската канцеларија за контрола на пазарот на акции, по која, поради корупција во Кина банката во август плати казна од 16 милиони долари, Дојче Банк на истражителите не им ги дал информациите од интерната истрага, која укажувала на уште поголем обем на корупција.

Дојче Банк соопшти дека настаните во Кина веќе се „темелно обработени“ преку интерни истраги, а резултатите им се предочени на истражителите.

Би можело да ве интересира

Германската полиција трага по хрватско оружје продадено на неонацисти

А1он

Меркел: После оваа криза, картите повторно ќе бидат измешани

Ана Ололовска

Германски виролог: Мора да сметаме и на втор и на трет бран на Ковид-19

Ана Ололовска

СЗО испраќа експерти во Кина да го утврдат потеклото на коронавирусот

Ана Ололовска

Кинеската авиоиндустрија со загуба од речиси пет милијарди долари поради Ковид-19

Ана Ололовска

Вработен во прес-службата на Меркел наводно шпинирал за Египет

Ана Ололовска