Договорен прекин на огнот меѓу украинската војска и Луганска народна република

Од:

Претставници на украинската армија и самопрогласената Луганска народна република се договорија за целосен прекин на огнот на линијата на контакт од 5 декември и повлекување на тешкото вооружување од 6 декември, соопштија претставници на Специјалната набљудувачка мисија  на ОБСЕ во редовниот дневен извештај.

Преговорите од украинска страна ги предводеше генерал полковник Аскаров, а освен претставници на Луганска народна република, на нив учествуваше и рускиот претставник во Југоисточна Украина, генерал полковник Ленцов.

Претставници на Луганска народна република истакнаа дека под нивна контрола се и сите козачки единици и оти и тие ќе се придржуваат кон договорот.

Би можело да ве интересира

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси