Договор меѓу Јапонија и Турција за цивилна нуклеарна соработка

Од:

Јапонија и Турција денеска постигнаа договор за цивилна нуклеарна соработка со кој ќе се овозможи јапонски компании да извезуваат технологија за производство на електрична струја во атомски централи во Турција, држава со забрзан економски раст.

Договорот е постигнат за време на посетата на јапонскиот премиер Шинѕо Абе на Турција, последна дестинација на неговата еднонеделна турнеја кога ги посети и Русија, Саудиска Арабија и ОАЕ.

Јапонија вчера потпиша договор за нуклеарна соработка со ОАЕ додека во Саудиска Арабија договори почнување преговори за билатерален нуклеарен договор.

Јапонскиот лидер сака да унапреди извоз на јапонска технологија за производство на струја во нуклеарки и покрај катастрофата во Фукушима, како начин за поттик на раст на јапонската економија.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски