Додека ЕУ размислува за воведување санкции против Мјанмар, САД ги проширува

Од:

Европската унија соопшти дека размислува за воведување санкции против Мјанмар, а САД вчера ги проширија на уште двајца генерали поврзани со воениот удар во таа земја.

Истовремено, низ земјата се уште секојдневно се одржуваат протести поради превратот кој се случи на 1 февруари.

Владите на земјите членки на ЕУ вчера им изразија поддршка на демонстрантите кои бараат војската да и ја врати власта на цивилната управа, како и ослободување на соборената премиерка Аунг Сан Су Чи.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас најави во Брисел дека санкциите се следен можен чекор доколку дипломатијата не постигне успех во преговорите со воениот врв на Мјанмар.

– Не можеме да дозволиме само мирно да стоиме по страна и да ги набљудуваме случувањата во Мјанмар, истакна Мас.

Западните медиуми наведуваат дека ЕУ размислува за санкции кои ќе бидат насочени против компании со кои управува војската на Мјанмар, но нема да се укинат трговските повластици кои ги има земјата, со цел да не се предизвика поголема штета за сиромашното население.

САД вчера воведоа санкции против уште два члена на хунтата, генералите Мое Минт Тун и Маунг Маунг Ки, предупредувајќи дека би можеле да следат и нови мерки. Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден претходно воведе санкции за вршителот на должност претседател на Мјанмар и за уште неколкумина воени офицери, како и против три компании со кои управува војската.

Здружението за помош на политичките затвореници соопшти дека најмалку 640 луѓе се уапсени, обвинети или осудени по воениот удар на 1 февруари во Мјанмар.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар