Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Од:

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 113.129.946 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 573.198 , а оздравеле 7.641.979луѓе.

– Во Косово вчера се регистрирани 216 новозаболени од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени од појавата на епидемијата достигна до 4.931. Од нив починале 102 заразени, од кои еден вчера. Излекувани се 2.267 од претходно дијагностификуваните со Ковид-19, од кои вчера се регистрирани 40 случаи на лица кои ја победиле болеста. Активни носители на вирусот во земјата се 2.567 лица.

-Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 24 нови случаи на Ковид-19, од кои четири се од направените тестови на посетителите на земјата. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 3.826 позитивни случаи.

-Од направени 942 тестови во изминатите 24 часа, на Кипар е регистриран еден нов случај на Ковид-19, со што бројот на заразени се зголеми на 1.022 лица.

– Според податоците на рускиот кризен штаб за борба против коронавирусот, во последните 24 часа во Русија се регистрирани уште 6.537 нови случаи, а дневното зголемување на бројот на пациенти во текот на една недела е 0,9 проценти. Потврдени се 672 нови случаи во Москва, 291 во Санкт Петербург и 218 во Свердловск.

– Во изминатите 24 часа во Австрија се регистрирани 51 нови случаи на инфекција со коронавирусот. Уште вчера бројот на новозаразени беше во трицифрен и постојано осцилира во последниве денови. Најголем број новозаразени се повторно во Горна Австрија – 25, а потоа следува Виена со 19. Според податоците на Министерството за здравство, во моментов има 1.240 заболени во Австрија. Во моментов, 82 лица се хоспитализирани, од кои осум се на интензивна нега.

– Во последните 24 часа во Унгарија се евидентирани 13 нови случаи со што вкупниот број на заразени во таа држава се искачи на 4.247. Нема нови смртни случаи. Досега се регистрирани 595 смртни случаи од вирусот. Поради вирусот 127 лица се во болница, од кои пет се на респиратор. Вкупно 2.453 лица во моментов се официјално во карантин.

– Во изминатите 24 часа во Федерацијата БиХ се регистрирани 71 новоинфицирани, вкупно 2.149 случаи позитивни се активни. Од 81 потврдени смртни случаи во Федерацијата на БиХ, 52 се машки (64,2 проценти) и 29 жени (35,8 проценти). Во однос на возрасната структура, 56 починати пациенти (69,14 отсто) биле над 65 години.

Би можело да ве интересира

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

А1он

Се зголемува бројот на заразени во Грција, регистрирани 203 нови случаи на Коид-19

А1он

Саудиска Арабија почнува со третата фаза на испитување на кинеската вакцина против Ковид-19

А1он

Во Албанија голем број новозаразени од Ковид-19, опозицијата обвинува за епидемилошка катастрофа

А1он

Грција: Петти ден по ред повеќе од 150 новозаразени

А1он

195 нови случаи на Ковид-19 во Бугарија во изминатото деноноќие

А1он