Дневен преглед Ковид-19: Во Косово 195 новозаболени, во Бугарија 171, а во Хрватска 180

Од:

Според последните податоци, во светот со Ковид-19 досега се заразени 20. 930,922 лица. Од нив починале 749.596, а оздравеле 13.797,055 луѓе.

– Во Косово вчера се регистрирани осуммина починати, 193 новозаболени и 205 излекувани од Ковид-19. Вклучително последните случаи, бројката на заразени од појавата на епидемијата достигна до 10.988. Од нив починале 373, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностификувани со Ковид-19 и ја совладале болеста достигна до 6.616. Активни носители на вирусот во земјата, според косовските здравствени власти, се 3.999 лица. Вчера се извршени 491, а од почетокот на пандемијата, вкупно 42.627 тестирања.

Во Клиничкиот и универзитетски центар на Косово и во седумте регионални болници во земјата моментно се третираат 589 пациенти за кои постоело сомневање дека се заразени од Ковид-19, а кај 448 од нив болеста е потврдена. Од хоспитализираните, 41 се во тешка здравствена состојба.

– Во изминатите 24 часа забележани се рекордни 180 нови случаи на Ковид-19 во Хрватска, а бројот на активни случаи во оваа земја е 811. Од нив, 115 пациенти се на болничко лекување, од кои 10 се на респиратот. Во последното деноночие почина едно лице.

– Вкупниот број дијагностицирани случаи во Бугарија достигна 13.893 откако во последните 24 часа потврдени се нови 171 случај на коронавирус. Во моментов активни се 4.932 случаи, од кои хоспитализирани се 834 пациенти, а 63 се на Одделите за интензивна нега.

Кина денеска пријави 19 нови случаи на вирус, шо е помалку од претходниот ден кога имаше 25. Од новозаразените, 11 се увезени. Од почетокот на пандемијата во Кина се дијагностицирани 84.756 лица, од кои 4.634 починаа.

– Во Словенија се потврдени 29 нови случаи, со што од почетокот на пандемијата се дијагностицирани вкупно 2.332 случаи на инфекција, а во моментов активни се 193.

– Во Иран уште 174 лица починаа од коронавирусот, а потврдени се нови 2.625 случаи. Вкупниот број починати од почетокот на пандемијата надмина 19 илјади, а заразени се 336.324 лица.

– -Министерството за здравство на Кипар соопшти за 14 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број регистрирани случаи се зголеми на 1.305 лица.

-Во Грција се регистрирани 204 нови случаи на Ковид-19, а освен зголемениот број новозаболени, зголемен е и бројот на смртни случаи. Во изминатите 24 часа починаа пет лица.
Од почетокот на епидемијата е регистриран вкупно 221 смртен случај и 6.381 заразени лица.

Би можело да ве интересира

Црна Гора е најголемото жариште на Ковид-19 на Балканот

А1он

Ќе се апсат оние кои поттикнуваат „Движењето против употреба на маска“ во Грција

Ана Ололовска

Претседателот на Европскиот совет во карантин

Ана Ололовска

204 нови случаи на коронавирус во Хрватска

Ана Ололовска

Јапонската компанија Фуџифилм има лек со кој се крати лекувањето од Ковид-19

Ана Ололовска

Од почетокот на туристичката сезона, во Грција регистрирани 1.238 случаи на Ковид-19 кај посетители

Ана Ололовска