Дјук: На бегалците од Венецуела им е одобрен привремен престој во Колумбија

Од:

Колумбискиот претседател Иван Дјук потврди дека неговата земја на сите бегалци од Венцуела ќе им обезбеди престој и работа преку доделувањето привремен правен статус.

Во заедничката изјава со Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци, Филип Гранди, колумбискиот претседател кажа дека овој статус ќе им овозможи на мигрантите легално да работат во Колумбија, пренесуваат британските медиуми.

-Мораме да преземеме мерки, овој процес претставува пресвртница во миграциската политика на Колумбија, рече Дјук.

Колумбискиот претседател појасни дека привремениот статус ќе важи 10 години и ќе ги ослободи лицата кои веќе го легализирале својот престој повторно да аплицираат за дозволи, а оние кои нема да се пријават според новиот привремен статус ќе бидат депортирани.

Високиот официјален претставник на ОН, пак, оваа најава од Дјук ја нарече историска и рече дека тоа е најважниот хуманитарен гест во регионот со децении наназад.

Колумбија веќе подолго време е главната дестинација за луѓето кои бегаат од лошата економска и социјална состојба во соседна Венецуела, а приближно 966.000 од вкупно 1,73 милиона венецуелски мигранти кои живеат во Колумбија во моментов го немаат регулирано својот правен статус, наведуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски