Џон Кери: Има реален напредок, но и уште многу работа

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Рамалах изјави оти е постигнат реален напредок во однос на блискоисточните мировни преговори, но оти е потребна уште работа.

Изјавата на Кери уследи по третата средба за три дена со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Американскиот државен секретар синоќа третпат се сретна и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, откаде во четвртокот ја почна новата мисија за обнова на мировните преговори меѓу Израел и Палестинците.

– Имавме многу позитивни дискусии, многу важни дискусии за последните неколку денови. Се согласуваме дека направивме реален напредок, но има уште неколку работи кои мора да ги направиме, посочи Кери.

Тој првпат во четвртокот навечер се сретна со Нетанјахи во рамките на петтата посета на Блискиот Исток, од февруари кога стана државен секретар, а потоа двапати се сретна со Абас во Јордан и денеска во Рамалах, Западен Брег.

Пред денешната изјава на Кери, главниот палестински преговарач Саеб Ерекат изјави дека не е постигнат пресврт на третиот состанок, но оти има извесен напредок.

Палестинците бараат Израел да ја стопира изградбата на домови за Евреите во Западен Брег и во источен Ерусалим и да ги ослободи Палестинците од израелските затвори кои подолго време ја отслужуваат казната. Тие исто така бараат да се преговара за границата пред војната од 1967 година кога Израел го освои Западниот Брег со источен Ерусалим и Појасот Газа.

Нетанјаху е за обновување на преговорите без предуслови. Кери оценува дека е многу важно двете страни да донесат тешки одлуки во време на хаос во Блискиот Исток, од немирите во Египет до граѓанската војна во Сирија, која ги зафаќа и соседните држави.

Преговорите меѓу Израел и Палестинците се во прекин од крајот на септември 2010 година и оттогаш само на кратко се обновени.

Би можело да ве интересира

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран