Дисидент исчезна пред две години во Турција, денеска во Иран беше потврдена неговата смртна казна

Од:

Иранското правосудство денеска ја потврди смртната казна на шведско-ирански дисидент за „тероризам“, две години по неговото исчезнување на аеродром во Турција, објави официјалната веб-страница Мизан онлајн. Хабиб Шаб е во Иран од октомври 2020 година, кога исчезна за време на посетата на Турција, а му се судеше во Техеран, кој не признава двојно државјанство.

Тој беше прогласен за виновен за корупција и за основање бунтовничка група и беше осуден на смрт на 6 декември. Во неделата беше објавено дека Врховниот суд на Иран ја потврдил пресудата. Мизан онлајн објави дека Врховниот суд ја потврдил смртната казна на Хабиб Фараџула Шаб за „формирање и водење на бунтовничка група наречена Харакат ал Нидал и планирање и спроведување на бројни терористички операции во провинцијата Кузестан“.

Иран ја обвини групата Харакат ал Нидал за „соработка со други терористички групи“, вклучително и во нападот во 2018 година на воената парада во Ахваз, во југозападниот регион на Кузестан, во кој загинаа 25, а беа ранети речиси 250, според властите.

Шаб е последниот во низата луѓе осудени на смрт во Иран. Минатата недела, судот во Ахваз осуди шест мажи на смрт за напад и „спроведување на наредбите на нивните европски лидери“. Тие беа прогласени за виновни за „вооружени операции“ меѓу 2017 и 2019 година во кои загинаа четири лица, вклучително и еден војник и двајца членови на иранската паравоена единица Басиџ, се вели во извештајот.

Исламската Република Иран секоја година погубува повеќе луѓе од која било друга нација, со исклучок на Кина. Ова се податоци од различни групи за одбрана на човековите права, меѓу кои и Амнести интернешенел. Минатиот месец, иранското правосудство егзекутира курдски милитант осуден за убиство на полицаец. Овој чин го осудија групите за одбрана на човековите права со образложение дека го сметаат за политички затвореник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлзии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски