Директорот на Си-Ен-Ен: Нема да бидеме јавен сервис на Трамп

Од:

Доналд Трамп најави дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година.

Новиот директор на американската медиумска компанија Си-Ен-Ен, Крис Лихт изјави дека мрежата нема да ја покрива кампањата на поранешниот претседател Доналд Трамп во онаа мера што ја правеше кога тој се кандидираше за претседател во 2016 година.

„Нема да дозволиме се што прави да биде во вестите, нели? Има и други работи кои се важни“, рече Лихт во подкастот на Кара Свишер.

Лихт изјави дека под претходното раководство на Си-Ен-Ен, на чие чело беше Џеф Цукер, Си-Ен-Ен објавуваше се и сешто за Трамп, „така што имавте ситуација кога зборувавте за него осум часа“.

„Ние нема да го направиме тоа. Ќе бидеме многу јасни и ќе оценуваме од случај до случај како ќе биде известувањето за Трамп. Дури и да ни го подигне рејтингот, ние нема да го сториме тоа“, додаде Лихт.

Би можело да ве интересира

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас

„Вашингтон пост“: Трамп веќе влијае на настаните во Украина

Се запленува имот на Трамп: Обвинителот презеде мерки

Горан Наумовски