Директорот на ЦИА се сретна со директорот на руската безбедносна служба во Москва

Од:

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс денеска во Москва се сретна со многу влијателниот директор на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев со кого разговараа за „руско-американските врски“.

За состанокот е издадено само кусо соопштение од рускиот Совет за безбедност, додека американската Амбасада во Москва не ја коментираше средбата.

Посетата на шефот на американската разузнавачка агенција, кој според многумина е најискусниот дипломат на САД, не беше најавена, а рускиот совет за безбедност не откри други детали.

Средбата на двајцата високи функционери се одржува во време кога во руско-американските односи има големи контроверзии.

Западните земји воведоа санкции кон Русија по нејзината анексија на Крим во 2014 година.

Вашингтон ја обвинува Русија за серија хакерски напади и мешање во изборите во САД.

Москва, од друга страна, често ги обвинува САД и Западот дека се мешаат во нејзината внатрешна политика и вршат притисок врз руски новинари.

Руси и Американци се сретнаа во Женева на 30 септември за да го продолжат стратешкиот дијалог што Владимир Путин и Џо Бајден го започнаа на брегот на Женевското езеро во јуни.

Бајден и Путин на историскиот самит на 16 јуни истакнаа дека дијалогот меѓу двете земји е итно потребен, иако тие не се согласуваат за многу прашања. Тие потсетија дека Москва и Вашингтон разговарале дури и во екот на Студената војна за да го спречат најлошото.

Вилијам Барнс, дипломат од кариера, беше амбасадор во Русија и Јордан и заменик државен секретар во времето на Барак Обама.

За време на мандатот на поранешниот демократски претседател, тој го охрабруваше зближувањето со Иран, со кој тајно преговараше во Оман во 2011 и 2012 година, иако САД не одржуваа дипломатски врски со Техеран.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он