Директор на Гамалеја: Вакцината Спутник во комбинација со Спутник лајт штити речиси 100 отсто од омикрон сојот

Од:

Ефикасноста на руската вакцина Спутник В против варијантата омикрон изнесува 75 отсто, соопшти денеска директорот на епидемиологија и микробиологија на Гамалеја, Александар Гинтсбург. Тој додаде дека доколку личност се ревакцинира со Спутник Лајт, тогаш заштитата може да достигне и до 100 отсто.

Во обраќањето на Меѓународниот Конгрес за репродуктивна медицина, Гинтсбург појасни дека луѓето кои не примиле засилувачка доза вакцина, ефикасноста на вакцината против коронавирус на Спутник по шест месеци од примањето била 56-57 отсто.

– Значи, јасно е дека препораките на Министерството за здравство за потребата луѓето да се ревакцинираат со Спутник лајт на секои шест месеци се целосно оправдани и поткрепени со податоци, посочи тој.

Директорот на институтот Гамалеја уште оцени дека може да се каже дека во моментов имаат многу ефикасна вакцина, која може целосно да го заштити населението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски