Дипломатска војна на релација Москва – Берлин

Од:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок планира да протера повеќе од 30 руски дипломати акредитирани во Берлин.

Од Москва рекоа дека веќе имаат подготвен одговор.

Според тврдењата на германските безбедносни власти, руските дипломати го користат својот имунитет за илегално да регрутираат германски доушници од светот на политиката, бизнисот, науката и војската, пишува весникот „Фокус“.

Информаторите, меѓу другото, се користат и за диверзантски и дезинформациски операции.

Ако Германија протера руски дипломати, Москва ќе реагира жестоко, одговорот е веќе готов, изјави за Спутник извор од руското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Уапсен е уште еден осомничен кој учествувал во финансирањето на терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на загинати во терористичкиот напад во Москва, едно од повредените лица почина

Горан Наумовски

Бројот на повредени во нападот во Москва се зголеми на 360

Горан Наумовски

ФСБ: Зад нападот во Москва стојат САД, Велика Британија и Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) За масакрот во Москва уапсен е татко и неговите двајца синови, им помагале на терористите

Нова, денес втора, дојава за поставена бомба во Москва