Дезир загрижен за нападите врз новинарите во Москва

Од:

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Арлем Дезир денеска изрази загриженост заради нападите врз новинари и опструкцијата на медиумските активности во текот на демонстраците од саботата во Москва.

Во соопштението на ОБСЕ се наведува дека во повеќе извештаи од медиумски работници, вработени во Новаја Газета, РБК, АП, Медуза, Комсомолскаја Правда, Дојче Веле, Медијазона, Викињуз и други, се пренесува дека полицијата ги напаѓала, привела или им ја оштетила опремата додека известувале од протестот во Москва.

Дезир истакна и дека главната и одговорна уредничка на телевизијата Дожд, Александра Перепелова, е повикана и испрашувана пред истражен одбор во врска со известувањето од протестот.

-Жал ми е заради сите овие инциденти во кои медиумските работници биле грубо третирани или биле попречувани во работата од органите за спроведување на законот. Медиумите имаат важна улога на набљудувачи, а на новинарите треба да им се гарантира непречен пристап до јавните настани, како и безбедни услови за работа во секое време, вклучувајќи и покривање на протести, наведе Дезир.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски