Девојче кое исчезна во САД во 2018 година, сега е пронајдено во Мексико

Од:

Девојчe коe беше киднапирана од трговски центар во американската сојузна држава Вашингтон во 2018 година, е пронајдено живо и здраво во Мексико, соопшти ФБИ.

Аранза Марија Очоа Лопез имала четири години кога последен пат била видена за време на надгледувана средба со нејзината биолошка мајка во трговски центар во градот Ванкувер, пишува Independent.

Нејзината мајка беше уапсена во 2019 година во Пуебла, Мексико, но девојчето беше пронајдено дури во февруари оваа година. Официјални лица потврдија дека девојчето, кое сега има осум години, било пронајдено во Мичоакан, Мексико и е вратено во САД.

„Повеќе од четири години, ФБИ и нашите партнери не се откажуваат од Аранза“, рече Ричард А Колоди, специјален агент задолжен за теренската канцеларија на ФБИ во Сиетл.

„Нашата грижа сега ќе биде да ја поддржиме Аранза додека ја започнува нејзината реинтеграција во САД“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Силен земјотрес го погоди Мексико

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски