Девојче било избодено дури 32 пати со нож поради кавга на ТикТок

Од:

Девојчето Луиз (12) од Фројнденберг, Германија, која ја убиле две соученички била избодена дури 32 пати. 13-годишно девојче кое е осомничено за нејзиното убиство и било најдобар другар, пренесуваат германските медиуми. Наводно, причината за убиството е одмазда за расправија на ТикТок.

Германските медиуми пишуваат дека Луиз доживеала мобинг, а потоа била убиена. Луиза била пријавена за исчезната во саботата, а телото на девојчето било пронајдено во шумата во неделата наутро. На местото каде што е убиена, нејзините школски другари и жители на Фројнденберг оставаат цвеќиња.

Како што пишуваат германските медиуми, Луиз ноќта ја поминала со својата 13-годишна пријателка. Следниот ден дошло и 12-годишно девојче, трите девојчиња заедно отишле во шумата, па таму ја убиле Луиз.

По злосторството двете девојчиња заминале дома. Постарата девојка им се јавила на родителите на Луиза и рекла дека е загрижена за неа. Потоа се обидела да и се јави на Луиз од нејзиниот мобилен телефон.

За да ги заштити малолетните убијци кои се уште не се доволно возрасни за да се соочат со кривични пријави, полицијата открива само мал број информации. Но, познато е дека тие се одвоени од семејствата и се под надзор на канцеларијата за млади.

Би можело да ве интересира

Црногорец уапсен во Германија за шверц на кокаин

(ВИДЕО) Олаф Шолц исвиркан: „Лажго, бандит“

Ана Ололовска

Германија: Тинејџер прогласен за мозочно мртов по фудбалска тепачка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Турците во Германија ја славеа победата на Ердоган

Германија повлекува над сто владини службеници од Русија по одлуката на Москва

Брат и сестра осомничени дека со другари го организирале убиството на нивниот татко

Горан Наумовски